Случај Валиева: Несреќен случај или добро смислен план

3 mins read

Сагата околу младата 15-годишна руска натпреварувачка во уметничко лизгање, Камила Валиева, останува главна тема на Зимските олимписки игри во Пекинг, барем до понеделник кога ќе биде познато дали смее да настапи во поединечна конкуренција или ќе биде суспендирана.

Валиева која  на Русија и помогна да триумфира во екипна конкуренција, во декември минатата година паднала на допинг тест, но Руската антидопинг агенција ја поништила суспензијата и ѝ дозволи на лизгачката да настапи во Пекинг.

Сега случајот е префрлен во Судот за спортска арбитража кој в понеделник треба да донесе одлука дали чудото од дете ќе го продолжи настапот на ЗОИ во Пекинг или ќе добие суспензија.

Валиева и денеска се појави на лизгалиштето во Пекинг за да тренира, но како што пренесува Асошиејтед прес, таа се расплакала по лошата изведба на трикратно свртување, кое вообичаено го изведува пред никакви проблеми.

Етери Тутберидзе која ја тренира 15-годишната Валиева изјави дека е сигурна дека нејзината лизгачка е „чиста и невина“ и нема никакви причини за суспензија. Камила Валиева била позитивна уште во декември за време на националното првенство кое се одржало во Санкт Петербург. Тогаш Руската антидопинг агенција ја поништила суспензијата на младата лизгачка и со тоа даде зелено светло да настапи во Пекинг. Валиева била позитивна на триметазидин, кој се користи за легување на ангина пекторис.

Тутберидзе дури и се сомнева на своевиден заговор со кој повторно би се фрлила црна дамка на рускиот спорт.

– Нејасно е зошто за спортист за кого се соменваат дека паднал на допинг тест на 25 декември, му било дозволено да се натпреварува на ЗОИ. Или тоа е несреќен сплет на околности или ова е многу добро смислен план. Се надевам дека нашите официјални лица нема да не напуштат и ќе ги бранат нашите права и ќе ја докажат невиноста на Камила – изјави Тутберидзе за руската државна телевизија.

Според програмата на ЗОИ во Пекинг, Валиева треба да настапи во вторник во поединечка конкуренција, до понеделник ќе биде неизвесна нејзината судбина.

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) се обрати до Судот за спортска арбитража да донесе конечна одлука и таа ќе биде позната в понеделник, откако денеска ќе биде сослушана руската лизгачка, а се очекуваат и одговори од членови на Руската антидопинг агенција.
 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | „Не сум расположена за драма“: Карлеуша во одлична модна комбинација на судењето со Цеца

Следно

Кина го одобри лекот против коронавирус на „Фајзер“, но само за пациенти со тешка клиничка слика

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian