Се ближи крајот на Фејсбук: Младите ја напуштаат мрежата, а акциите и натаму паѓаат

2 mins read

Кога растеше бројот на корисници на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Закерберг мислеше дека може да се извлече од сите скандали кои се врзуваа за неговото работење. Но, сега веќе не може да се потпре на тоа.

Неодамна преименуван во Мета, Фејсбук беше во фокусот на вниманието минатата недела. Но, овојпат не поради скандалите, туку поради лошата финансиска состојба – акциите на компанијата во даден момент паднаа за 25 отсто, намалувајќи ја пазарната вредност на компанијата за 240 милијарди долари.

Tри фактори се издвојуваат од извештајот за конференцискиот разговор меѓу Закерберг и берзанските аналитичари – влијанието на Тик-ток, потегот на Епл да побара од корисниците на Ајфон да се согласат да бидат следени од огласувачите и фактот дека растот на бројот на нови корисници на Фејсбук е во застој.

Како што наведува Џон Нотон во неговиот авторски текст за „Guardian“, скорешната опсесија на Закерберг со Тик-ток ги збуни многумина. На крајот на краиштата, Тик-ток не е социјална мрежа, туку е платформа каде се објавуваат кратки видеоснимки со забавна содржина. Оваа кинеска апликација не ја разбира никој којшто е постар од 40 години и го освои светот преку ноќ, истакнува Нотон.

Причината поради која Закерберг е загрижен е бидејќи Тик-ток како платформа брилијантно им служи на младите, кои повеќе не ја користат социјалната мрежа Фејсбук како порано.

На почетокот, Фејсбук беше собиралиште на младите, но, и покрај сите напори на компанијата, тоа се промени во последната деценија. Во 2012 година дури 94 отсто од тинејџерите имале профил на Фејсбук. Речиси десет години подоцна, една анкета покажала само 27 отсто од 10 000 тинејџери изјавиле дека ја користат оваа социјална мрежа.

Вистинскиот проблем на Фејсбук е што Тик-ток го монополизира вниманието на своите корисници, а оттаму доаѓаат парите за надзорниот капитализам, укажува Нотон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кина го одобри лекот против коронавирус на „Фајзер“, но само за пациенти со тешка клиничка слика

Следно

Неверојатни бројки: Пола минута реклама за време на Супербол чини дури седум милиони долари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian