Реакција на Амбасадата на САД во Бугарија на Луковмарш

1 min read

Амбасадата на САД во Бугарија издаде соопштение во кое реагира на денешниот Луковмарш, јави дописникот на МИА од Софија.

Амбасадата на САД дава целосна поддршка на бугарското Министерство за надворешни работи, кое се спротивстави на церемонијата организирана во спомен на генерал Христо Луков.

Амбасадата на САД изрази поддршка за сојузниците и партнерите од дипломатската заедница, граѓанското општество и политичките партии во Бугарија, кои ја осудија идеологијата на омраза и нетрпеливост, што ги симболизира маршот.

Неопходно е сите да се обединат против омразата, антисемитизмот и повиците на насилство, се наведува во соопштението на Американската амбасада во Софија под хаштагот #NoHate.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ТФТ го декласира Работнички, Феникс реди победи на домашен терен

Следно

ВИДЕО | Мајка сподели застрашувачка последица од породувањето за која не се зборува често

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian