Преживеаните и семејствата на загинатите во автобуската несреќа ќе добијат обесштетување

1 min read

Трајче Латиновски, директор на Националното биро за осигурување, во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ24 изјави дека штетата за сообраќајната несреќа со автобусот на „Беса Транс“ ја понесува осигурителната компанија која ја има издадено полисата.

Тој објаснува дека во полисата е вклучен и зелениот картон, кој е продолжение на полисата за автомобилска одговорност.

-Тука нема дилема дека жртвите ќе бидат обесштетени, односно роднините на загинатите. Се надевам дека нема да има проблеми со тоа, рече Латиновски, информирајќи дека станува збор за осигурителната компанија „Граве“.

Латиновски додава дека обештетување ќе добијат и повредените патници.

-Во моментов не можеме да кажеме колкава ќе биде сумата на обесштетување, зависи колку луѓе ќе се пријават за надомест на штета, рече Латиновски, објаснувајќи дека сѐ додека не се добие финалниот извештај од истрагата, не може да започне процесот на обесштетување.

На 23 ноември минатата година автобус на компанијата „Беса транс“ се запали на автопат во Бугарија, при што загинаа 45 луѓе, а само седуммина патници преживеаја.

Бугарските истражители заклучија дека возачот, кој беше меѓу загинатите, е виновен за несреќата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Меси асистираше, Мбапе стрелаше за победа на ПСЖ

Следно

Активни 11.727 Ковид случаи, според надлежните, вакцинацијата е најдобра заштита

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian