Нина Бадриќ за стареењето: Се гордеам со своите години и не бегам од нив

2 mins read

Хрватската пејачка Нина Бадриќ оваа година ќе наполни 50 години и, како што вели, таа не бега од својата возраст, туку напротив – се гордее со своите години.

„Денес е привилегија да старееме. Толку многу млади луѓе ни заминаа ‘преку ноќ’. Со гордост, оваа година ќе ја направам најголемата роденденска забава и ќе ги прославам своите 50 години со моите пријатели и соработниците. Мислам дека има толку многу живот зад мене, толку прекрасни искуства, прекрасни работи, па дури и оние кои биле помалку убави се вредни за да се прослават. Дај боже сите да остареме“, изјави Нина за време на гостувањето во емисијата  „RTL Direkt“.

Таа својот последен солистички концерт го одржа во загрепска „Арена“, во март 2020 година, неколку дена пред да бидат воведени строгите мерки за заштита од коронавирусот.

„Беше неверојатно што тој концерт воопшто се случи. Три дена подоцна, истата таа ‘Арена’ стана ковид-болница“, се потсети Нина.

Таа ја искористи оваа прилика да позборува и за лошата состојба на музичарите за време на ковид-пандемијата.

„Сметам дека во ова време на светска пандемија, солидарноста треба да биде на највисоко ниво, а не на дното. Јас побарав помош за музичарите кои се во многу тешка финансиска ситуација, а не за себе лично. Побарав помош за сите мои колеги, значи за луѓе кои живеат на работ на егзистенцијата, кои се тешко болни, многу често болни од рак, луѓе кои живеат исклучително тешко, а јавноста за тоа не е свесна. Тоа беше апел за помош за нив.“, вели Нина.

Исто така, Нина откри и како ги поминувала деновите кога сите бевме во карантин.

„Го користев Инстаграм. Се насочив кон готвење, здрав живот, работа на себе. Човек секогаш има што да прави сам со себе. Не јадам месо и можам да кажам дека се чувствувам одлично, силно и психички јако. Со сѐ ова, мене ми се случија убави промени“, сподели таа.

ФОТО: Нина Бадриќ: Ти благодарам животе, срцето ми се смее!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дојава за Матеј имало и од македонски хотел: Се’ е можно па дури и тоа дека е жив и киднапиран, тврди хрватски криминолог

Следно

Хет-трик на Стерлинг за нова победа на Манчестер сити

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian