Неверојатни бројки: Пола минута реклама за време на Супербол чини дури седум милиони долари

1 min read

Финалето во НФЛ лигата, популарниот Супербол, е спортски настан број еден во годината во САД кој руши рекорди кога станува збор за цената на рекламите кои се емитуваат на паузите.

За време на натпреварот кој ќе се игра во ноќта помеѓу недела и понеделник (00.30 часот) во Лос Анџелес, а на кој ќе играат „домашниот“ ЛА ремс и Синсинати бенгалс, ќе бидат емитувани 70 реклами во траеше од 30 секунди, а цената изнесува неверојатни седум милиони долари.

Според ТВ аналитичарите, дури 35 минути од преносот ќе биде „резервиран“ за рекламите кои ќе се емитуваат на паузите од играта и телевизиите кои ќе го пренесуваат финалето ќе заработат дури 490 милиони долари.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се ближи крајот на Фејсбук: Младите ја напуштаат мрежата, а акциите и натаму паѓаат

Следно

ВИДЕО | Тренчевска: Социјалната реформа дава реални резултати, одговараме на потребите на самохраните родители

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian