Марш и контрапротести во Софија: „Без нацисти на улиците!”

1 min read

Во Софија вечерва почна церемонија во спомен на генерал Христо Луков, позната како Луковмарш, организиран од Бугарскиот национален сојуз, јави дописникот на МИА од Софија.

Но, маршот набрзо беше прекинат по наредна на градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова.

Полицијата ги подели учесниците на настанот во три групи, кои ќе бидат спроведени до куќата на Луков. Засега нема тензии, но засилено е полициското присуство во центарот на Софија.

Луковмарш се одржува по неколку години откако беше суспендирана наредбата на Општина Софија за забрана на маршот.

Претходно, противници на маршот одржаа демонстрации под мотото „Без нацисти на улиците!”.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Бламажа на Баерн, прими четири гола за едно полувреме

Следно

ВИДЕО | Ништо од приказната за Поаро: Новиот филм на Гал Гадот е забранет во две земји

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian