Кличко подготви план за евакуација на Киев

1 min read

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, најави чекори за заштита на „критичните и социјални инфраструктурни објекти“ во случај на „можна вонредна состојба“.

Во изјавата објавена на Телеграм, Кличко рече: „Нашите напори се насочени кон спречување или надминување на можните провокации и да се спротивставиме на воениот напад“.

Тој рече дека напорите вклучуваат создавање дополнително производство на електрична енергија и создавање резерви на гориво за „до 10 дена“, додавајќи дека повеќе од 500 складишта и скоро 4.500 „структури со двојна употреба“ како служби за цивилна заштита се достапни низ градот.

Кличко, исто така, рече дека се поставени планови за евакуација на ниво на области низ главниот град.

Во разговорот со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеб во утрово по локално време, Блинкен ја потврди „силната поддршка на САД за Украина во услови на зголемена закана од можна натамошна руска агресија“.

Блинкен „нагласи дека секоја руска агресија против Украина ќе има брзи, тешки и обединети последици“, рече портпаролот Нед Прајс, објави германски Шпигел.

kurir.mk

Претходно

Вучиќ: Србија на никаков начин не треба да го признае Косово

Следно

Уште едно уникатно име: Кајли Џенер го откри името на нејзиниот син

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian