Хет-трик на Стерлинг за нова победа на Манчестер сити

1 min read

Фудбалерите на Манчестер сити со убеливи 0:4 славеа на гостувањето кај Норич во рамки на 25 коло од Премиер лигата.

Најзаслужен за победата е Рахим Стерлинг кој постигна хет-трик кој на „граѓаните“ им донесе 12 бода предност пред Ливерпул, кој пат има два натпревари помалку.

Стерлинг гол серијата ја отвори во 31. минута со одличен шут од 16-тина метри. На стартот од вториот дел, Фил Фоден погоди за 0:2, а останатите два гола ги постигна Стерлинг во 70 и во 90 минута.

Френк Лампард ја запиша првата победа во Премиер лигата како менаџер на Евертон. „Карамелите“ на „Гудисон“ со 3:0 го совладаа Лидс и избегаа пет бода од опасната зона. Евертон по само 23 минути игра имаше предност од 2:0 благодарение на головите на Колмен и на Кин, додека конечниот резултат го постави Гордон во 78 минута.

– Направивме нешто посебно, покажавме карактер, бевме агресивни и победивме.Трите бода се големо олеснување за нас, горд сум на прикажаната игра и навистина одамна не сум вака добро одиграно прво полувреме. Среќен сум поради тоа и сега мора да продолжиме во ист ритам – изјави Лампард.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нина Бадриќ за стареењето: Се гордеам со своите години и не бегам од нив

Следно

Ковид пресек: Регистрирани 1.222 нови случаи, оздравени 1.502, починати – 31

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian