Град Скопје: Објавен јавен повик за поддршка на проекти на организации кои работат во областа на социјална, детска и здравствена заштита

1 min read

Град Скопје го објави Јавниот повик за поддршка на проекти и програмски активности на организации кои работат во областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2022 година.

Во рамките на овој повик, проектите кои ќе бидат поддржани од страна на Градот Скопје, треба да се однесуваат на приоритетите дефинирани во Програмата за активностите во областа на социјална, детска и здравствена заштита во град Скопје за 2022 година, и тоа: 1. Остварување социјална заштита на лица со попреченост

2. Остварување социјална заштита на лица кои употребуваат дроги

3. Општествено вклучување и социјални услуги за ранливите категории на граѓани

4. Еднакви можности на жените и мажите, недискриминација, поттикнување и развој на лични и општествени вредности

5. Унапредување на здравствена заштита Јавниот повик, пријавата за финансиска поддршка на организациите, како и образецот за предлог – проект се достапни на следната интернет врска – https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 23.02.2022 година, до 15:00 часот.

skopjeinfo.mk

Претходно

Николоски: Кастриот Реџепи беше киднапиран на денот на гласањето недоверба на влада и држен во премиерската вила, и тој тоа не го демантираше

Следно

Форбс: Норвешка ги симна сите рестрикции за влез во земјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian