ФОТО | „Не сум расположена за драма“: Карлеуша во одлична модна комбинација на судењето со Цеца

1 min read

Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ не се во добри односи веќе долги години, а вчера повторно се сретнаа на закажано рочиште во Првиот основен суд во Белград, пренесоа српските медиуми.

Судењето траело 37 минути, а, според присутните, во еден момент дошло до жестока расправија во судницата. Цеца, која ја изнервирало самото обвинение, се расправала и била гласна.

Кога завршило рочиштето, Цеца излегла прва и гласно изговорила „болна е“, алудирајќи на Јелена. Од друга страна, пак, Јелена била прилично тивка и не дала ниту еден коментар откако излегла од судницата.

Карлеуша за оваа пригода одбрала модна комбинација со која јасно ставила до знаење дека повеќе би сакала да биде на друго место. Таа облекла елегантни сиви панталони, црна ролка и сако на кое пишува „Не сум расположена“ на англиски.

ФОТО | Цеца во „Ѕвездите на Гранд“ со луксузни очила во форма на пеперутка: Еве колку чинат!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Форбс: Норвешка ги симна сите рестрикции за влез во земјата

Следно

Случај Валиева: Несреќен случај или добро смислен план

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian