Форбс: Норвешка ги симна сите рестрикции за влез во земјата

1 min read

По речиси две години патни ограничувања поврзани со пандемијата, границата на Норвешка сега е отворена како што беше пред почетокот на пандемијата. Повеќето ограничувања во земјата се исто така укинати.

-Норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе денеска објави дека со моментален ефект, веќе нема никакви барања за сертификати за вакцинација или тестирање при влез во земјата. Отстранети се и претходните барања за пополнување формулар за дигитална регистрација пред пристигнувањето, пренесе Форбс.

Промената на правилото значи дека ако сте имале право да влезете во Норвешка пред пандемијата, сега повторно можете слободно да влезете во земјата.

kurir.mk

Претходно

Град Скопје: Објавен јавен повик за поддршка на проекти на организации кои работат во областа на социјална, детска и здравствена заштита

Следно

ФОТО | „Не сум расположена за драма“: Карлеуша во одлична модна комбинација на судењето со Цеца

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian