Ди Мариа на лето си оди од ПСЖ, следна дестинација е Серија А?!

1 min read

Управата на ПСЖ нема намера да го продолжи договорот со Анхел Ди Мариа и ќе му дозволи на аргентинскиот репрезентативец на лето да си замине, пишува „Лекип“.

Иако Ди Мариа е најдобар асистент во историјата на ПСЖ, „Лекип“ пишува дека Зинедин Зидан кој ќе биде тренер на екипата од следната сезона, наводно им порачал на челниците на „светците“ дека нема да смета на Аргетинецот и дека е слободен во изборот на новиот клуб.

Како следна дестинација на Анхел Ди Мариа се споменува Серија А, што е негова голема желба, а најголем интерес за него пројавуваат екипите на Наполи и на Милан.

Во Наполи го гледаат Ди Мариа како идеален наследник на капитенот Лоренцо Инсиње кој од лето се сели во Торонто, додека во Милан сакаат да ангажираат квалитетно засилување по крилните позиции и Аргентинецот е една од опциите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Отчет од претпладне до мрак: Градоначалниците ќе му реферираат на Мицкоски и сопартијците за сработеното

Следно

Виц на денот: Возач и кондуктер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian