Алегри задоволен од игрите на Влаховиќ: Добивме фудбалер каков што ни недостасуваше

1 min read

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е задоволен од прикажаните игри на зимското засилување, Душан Влаховиќ.
Влаховиќ во јануари за сума од 75 милиони евра од Фиорентина се пресели во Јувентус и на двата натпревари кои досега ги одигра, постигна два гола.

– Со доаѓањето на Влаховиќ, добивме играч каков каков што ни недостасуваше. Но, морам да повторам дека сè уште ништо не сме направиле. Целта на Јувентус е редовно да победува – вели Алегри.

Јувентус во дербито на колото во Серија А и гостува на Аталанта и овој натпревар ќе претставува пресметка на екипите кои се борат за четвртото место на табелата кое носи во Лигата на шампионите.

– По два порази и две ремија против Аталанта во Серија А, време е да победиме – додава Алегри.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Ништо од приказната за Поаро: Новиот филм на Гал Гадот е забранет во две земји

Следно

Романтичен хороскоп: Овие три хороскопски знаци ќе бликаат од љубов

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian