Ацевски: По „Титаник”, Мицкоски, заедно со раководството да си поднесат оставки

2 mins read

Признавањето вина на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за случајот „Титаник“ е потврда за сите изборни измами, притисоци врз граѓаните, уцени и страв кој го сееше режимот, рече на денешната прес конференција Костадин Ацевски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

– Ова јавно признание на луѓе од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ значи само едно – ВМРО-ДПМНЕ со години ја газеле волјата на граѓаните а сите изборни циклуси во нивна организација биле нелегитимни. Се потврди дека се она што го говоревме, за личните карти во Центар со граѓани од Пустец, за злоупотреби на избирачкиот список, за секоја друга форма на изборно насилство – било точно, рече Ацевски.

Тој оцени дека јавното признание од главните соработници на Груевски, кого го нарече „патронот на Мицкоски“, за злосторничко здружување, изборни измами, поткуп при гласање, уништување на избирачки материјал или со еден збор, криминализација на изборниот процес од страна на ВМРО-ДПМНЕ е „потсетник дека не смееме да дозволиме никогаш повеќе да ни се повтори оваа партија на власт“.

Ацевски додаде дека поголем проблем е што во Извршниот комитет на Мицкоски и во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште има лица за кои има повеќе обвиненија и ги наведе Антонио Милошоски, кој е член и на Извршниот комитет, Игор Јанушев, Илија Димовски.

-Христијан Мицкоски, кој беше советник на Груевски и негов генерален секретар треба да излезе пред граѓаните и јавно да им се извини. Итно мора да поднесат оставки сите кои се на било кој начин поврзани со овие веќе осудени лица кои сами признаваат вина, рече Ацевски.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што прави денеска: Васил Зафирчев, театарски и филмски актер

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Тепачот на жени Ацевски држи партиски пресови во состојба кога пола Македонија се уште е отсечена од снег

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian