ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и натпросечно топло

1 min read

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Особено во западните предели ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски за Утрински брифинг.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, натпросечно топло и тивко. Максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа за време на викендот, како и во почетокот од следната недела ќе имаме повеќе облачност и ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на планините. Утре ќе дува слаб до умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени, додека мало опаѓање на истите се очекува од недела па натаму и максималните дневни температури на воздухот тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Виц на денот: Возачка дозвола

Следно

Од денеска: Пуштање во употреба на бројот за итни случаи 112

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian