Во Албанија ветингот не го поминале 273 судии и обвинители

1 min read

 Координаторот на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија,Таулант Бала, изјави дека обединувањето на власта и опозицијата околу ветингот е потврда за определбата за европската иднина на земјата.

Според него ветингот е и суштински елемент за гарантирање на значително ниво на интегритет на судиите.

Тој уште со став дека „денеска во Албанија има повеќе верба во правдата, отколку вчера” презентирајќи официјални бројки на судии и обвинители кои биле на проверка и колку од нив можеле или не да го оправдаат стекнатиот имот.

 

-Над 800 субјекти биле опфатени со ситото на проверка, при тоа донесени се 491 решение, од нив 183 потврдни решенија со кои субјектите остануваат на функцијата, а разрешени се 273. Во јуни, кога завршуваше мандатот на телата за проверка, незавршени би останале уште 300 предмети кои би биле префрлени на високиот судски совет и на обвинителството. Повторувам, со изгласувањето на уставните измени за продолжување на ветингот за уште 30 месеци победи Албанија, рече Бала.

Поради не поминување на проверката за потекло на имотот и вмешаност во криминални активности или попознато како ветинг, што почна во 2017 година, во земјата веќе се чувствува недотиг на овој вид кадар.

Уставниот суд на Албанија не функционираше речиси три години бидејќи овој процес не го минаа шестмина од вкупно девет судии колку што брои судот, меѓу нив и претседателот.

Идентична состојбата беше и со Врховниот суд. И двете инстуции почнаа да функцонираат на почетокот на минатата година, иако сеуште има испразнети места.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Обвинителката Стефанова побара поблаги казни за оние кои признаа вина за „Титаник“

Следно

ВИДЕО: Спектакуларна ерупција на Етна – река лава и пепел лансирани на височина од 8.000 метри

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian