ВИДЕО | Принцот Хари ќе ја продолжи борбата против ХИВ: Работата на мајка ми остана недовршена!

2 mins read

Принцот Хари во четвртокот рече дека се чувствува принуден да се обиде да ја заврши работата на неговата покојна мајка, принцезата Дајана, во борбата против ХИВ и стигмата околу болеста, а истовремено ги повика луѓето да се тестираат.

Почина Лик Монтање, францускиот Нобеловец и откривач на HIV вирусот

Принцезата Дајана славно се ракуваше со пациентите со ХИВ во болница во Лондон во 1987 година, акција која се сметаше како пресвртна точка во борбата против стереотипите околу луѓето кои се заразени со вирусот, а Хари исто така стана истакнат борец за правата на луѓето кои живеат со ХИВ и СИДА.

„Работата на мајка ми остана недовршена“, му рече Хари на поранешниот капитен на рагби лигата на Велс, Герет Томас, кој во 2019 година објави дека е ХИВ позитивен.

„Се чувствувам должен да се обидам да ја продолжам работата што е можно повеќе. Никогаш, знаете, не можев да одам во нејзини чевли, особено во овој конкретен простор… поради она што го правеше и за што се залагаше и колку беше гласна за истото“, истакна Хари.

Светската здравствена организација проценува дека до крајот на 2020 година, околу 38 милиони луѓе живееле со ХИВ, и дека болестите поврзани со СИДА однеле повеќе од 36 милиони животи од раните 1980-ти години на минатиот век.

Водечките хуманитарни организации за ХИВ/СИДА се надеваат дека помасовното тестирање може да доведе до крај на нови случаи на ХИВ во Англија до 2030 година.

Profimedia
Принцот Хари / Фото: Profimedia

Хари го се тестираше за ХИВ во 2016 година, што доведе до зголемување од 500 отсто во барањата за тест од една добротворна организација.

Но, тој рече дека тестирањето за ХИВ се намалило за околу 30 проценти за време на пандемијата на ковид-19.

„Секој од нас има должност, или барем можност, да се тестира за да им олесни на сите други да се тестираат“, рече Хари. „И тогаш станува вообичаено, како и сè друго“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Германскиот суд ја отфрли петицијата против задолжителната вакцинација

Следно

ВИДЕО: „Магично“, неверојатно – Дончиќ го надмина рекордот на Јокиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian