ВИДЕО: Пелистер претрпе нов пораз во АБА2 лигата

1 min read

Денеска македонскиот кошаркарски клуб Пелистер го затвори „балонот“ во Бања Лука со пораз од црногорската Подгорица со резултат 67:79 во рамките од АБА2 лигата.

Екипата од Подгорица имаше подобар почеток, за неполни шет минути од играта стекна двоцифрена предност од 13:2, разлика која успеаја да ја сочуваат до истекот на 10 минута (22:17).

Ривалите стигнаа и до „плус осум“ позитива (32:24), кои го натераа тренерот на „пелистерци“, Марјан Илиевски да повика тајм- аут по само четири минути од втората четвртина. Во преостанатиот дел, до истекот на првото полувреме, „зелените“ анулираа дел од таа негатива, стигнаа до „минус пет“ (33:38).

По тројката на Младеновиќ, во 26 минута битолчани дојдоа на само „пола кош“ негатива (48:49). Но, само за кратко, затоа што до крајот на тој трет дел од играта противникот одново се одвои, сега на 59:52. Предноста на Подгорица беше уште поголема, по серијата од 10:3, за 69:55 на нецели пет минути пред крајот на мечот.

Недостижна за „пелистерци“ кои својот престој во Бања Лука го завршуваат со негативен ефект. Една победа и два порази, и моментален скор 2-8, со кој се при дното на табелата во јадранското натпреварување. Никола Малешевиќ финишираше со 17 поени, а двоциефрен беше и Милош Николиќ со 11 коша.

Утре, од 11.00 часот, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе го затворат својот настап на турнирот во Бања Лука. Противник во 10 коло од АБА 2 конкуренцијата ќе им биде екипата на Војводина од Нови Сад (Србија).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Срце полно љубов. Секој ден“ – 10 години постојани заложби за подобар свет!

Следно

19 починати и 1.348 новозаразени со коронавирусот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian