Фудбалерите на ПСЖ во самиот финиш го совладаа Рен со 1:0, во дербито на 24. коло од француската „Лига 1“. Лидерот до триумфот над петтопласираниот клуб во шампионатот дојде во третата минута од судиското надополнување, кога стрелец беше Килијан Мбапе.
Французинот ја затресе противничката мрежа после асистенцијата на Лионел Меси. Мбапе можеше нешто порано да се запише во листата на стрелците, но во 65 минута погоди статива.
Успеа да постигне гол, но после интервенцијата на ВАР технологијата беше поништен поради офсајд.
ПСЖ и натаму доминира во првенството, се наоѓа на врвот на табелата со 59 бодови, 16 повеќе од Марсеј на втората позиција, додека Рен со 37 бодови е на петтото место.
قوووووووووووووووووووووووووووول , اسيست الاسطورة
Via @BilalHD24 pic.twitter.com/Mjbs5ytOW0
— FCB Media. (@FCBMedia120_) February 11, 2022
Лига 1, 24. коло –
Петок:
ПСЖ – Рен 1:0
Сабота:
17.00 часот Монпеље – Лил
21.00 часот Лион – Ница
Недела:
13.00 часот Монако – Лориен
15.00 часот Анже – Стразбур
15.00 часот Брест – Троа
15.00 часот Клермон – Сент Етјен
15:00 часот Нант – Ремс
17.05 часот Ленс – Бордо
20.45 часот Мец – Марсеј