ВИДЕО: „Магично“, неверојатно – Дончиќ го надмина рекордот на Јокиќ

1 min read

И без Кристапс Порзингис кој беше разменет во Вашингтон, екипата на Далас оствари нова победа на „крилјата“ на Лука Дончиќ кој одигра спектакуларен меч, најдобар во досегашната кариера.

Маверикси славеа со 112:105 против Клиперси, а Дончиќ реализираше 51 поен за 40 минути на паркетот, воедно имаше девет скокови и шест асистенции.

Овој учинок на поени на Словенецот е рекорд кога се во прашање играчите од екс-ју просторите. Тој за еден поен го надмина членот на Денвер, Србинот Никола Јокиќ.

На синоќешната средба за Лос Анџелес клиперс доминираше Маркус Морис со 21 поен. Во Западната конференција Далас е на петтата позиција (33-23), додека Клиперси се на осмото место (27-30).

НБА лига, резултати –

Детроит – Мемфис 107:132
Њу Орлеанс – Мајами 97:112
Вашингтон – Бруклин 113:112
Хјустон – Торонто 120:139
Далас – Л.А. Клиперс 112:105
Голден Стејт – Њујорк 114:116
Феникс – Милвоки 131:107

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Принцот Хари ќе ја продолжи борбата против ХИВ: Работата на мајка ми остана недовршена!

Следно

Следува период на посвежо време, од среда пораст на дневните температури

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian