ВИДЕО: Барса со лекција за Реал во кошаркарското „Ел Класико“

1 min read

Кошаркарите на Барселона го совладаа Реал во Мадрид со резултат 86:68, во дербито на 26. коло од Евролигата.

Победникот на овој дуел беше познат веќе после првата четвртина, која Блауграна ја реши со 28:8 во своја корист.

Мадридскиот клуб имаше шанси да се врати во натпреварот кон крајот на третата и почетокот на последната четвртина, но не успеа во својата намера.

За каталонскиот гигант Аргентинецот Николас Лапровитола постигна 20 поени (седум скокови), а на спротивната страна за „кралскиот“ клуб Валтер Таварес реализираше 25 поени (шест скокови).

Барса со овој, трет триумф над големиот ривал во сезоната, се израмни на врвот на табелата со Реал. Двете екипи сега имаат учинок од 20 победи и пет порази.

Евролига, 26. коло

Петок, резултати –

Уникс Казан – Црвена звезда 77:84
Фенербахче – Баерн (одложено)
Лион Вилербан – Панатинаикос 63:76
Реал Мадрид – Барселона 68:86

Табела: Барселона 20-5, Реал Мадрид 25-20, Олимпиа Милано 24-17, Олимпијакос 23-14, Зенит Петерсбург 23-14, ЦСКА Москва 24-14, Уникс Казан 24-13, Фенербахче 22-12…

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Мајка ѝ на 10 години ја натера да се слика за „Плејбој“, а сега самата се соблече топлес на 56 години

Следно

Активисти со шатори пред канцеларијата на Вучиќ бараат трајна забрана за експлоатација на бор и литиум

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian