ВИДЕО: Алиоски придонесе во новиот триумф на Ал Ахли

1 min read

Денеска во рамките од 20 коло во најсилното фудбалско првенство на Саудиска Арабија составот на Ал Ахли славеше со 1:0 против Ал-Фатех.

Во второто полувреме во редовите на Ал-Фатех двајца играчи добија црвен картон, и ваквата предност ја искористи противникот.

Единствениот погодок беше реализиран во 85 минута, македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски убаво центрираше во казнетиот простор каде што го пронајде Јахја кој му асистираше Едуардо, а овој од непосредна близија ја испрати топката во мрежата.

Ова е петти триумф за Ал Ахли во шампионатот за моментно деветта позиција со 24 бодови.

– Заедно можеме. Ви благодариме за поддршката – напиша Алиоски на својот Твитер профил.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Во Пловдив, наместо вода, во продажба „истекла“ ракија: Мистерија е како се нашла во шишињата

Следно

Ивановска: Државата да ги заштити граѓаните на чие име политичарите бараат да префрлат имот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian