„The Joker And The Queen“: Слушнете ја новата песна на Ед Ширан и Тејлор Свифт

1 min read

Една деценија по првата дуетска песна „Everything Has Changed“, Ед Ширан и Тејлор Свифт решија да ѝ ја продолжат приказната. Имено, овие долгогодишни пријатели снимија нова песна насловена „The Joker and The Queen“.

Во видеозаписот за „The Joker And The Queen“ се појавуваат истите актери од оној за „Everything Has Changed“, но овојпат тие се пораснати и веќе се студенти.

„Со Тејлор се запознавме, ја напишавме и снимивме нашата прва заедничка песна во 2012 година, пред десет години, и сум почестен што ја имам во оваа песна. Не само што е најдобрата пејачка и текстописец во светот, туку и ми е многу блиска пријателка и сум среќен што ја имам во мојот живот. Во музичкото видео ги имаме децата од ‘Everything Has Changed’, пораснати и на колеџ“, напиша Ед на Инстаграм.

ВИДЕО | Искрена исповед за поранешниот: Тејлор Свифт со нов спот – посветен на Џејк Гиленхал?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Наташа Кандиќ повторно е номинирана за Нобеловата награда за мир

Следно

Петков се пожали на „Би-би-си“: Бугарите во Северна Македонија немаат право на правна заштита

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian