Само во Скопје 269 сообраќајни прекршоци

1 min read

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 269 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 20 мерки за недавање предност на пешаци, 81 санкција за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, 65 за непрописно паркирање.  

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

skopjeinfo.mk

Претходно

Денеска ќе се реализира првиот лет Софија – Скопје

Следно

Бугарија: Обвинителството проверува дали е користен софтверот „Пегаз” во владини агенции за незаконското прислушување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian