САД донираа нови 515 илјади вакцини за Косово

1 min read

Министерството за здравство на Косово соопшти дека денеска ќе прими нова американска донација од 515.917 дози вакцини против Ковид 19 од призводителот Фајзер, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на МЗ се вели дека „вакцините се обезбедени од претседателот на САД, ЏО Бајден за народот на Косово” и пристигнале во земјата преку механизмот КОВАКС.

На официјалната церемонија на примопредавањето на донацијата во Институтот за јавно здравство на Косово, што ќе се одржи попладнево, ќе присуствуваат претседателката на Косово, Вјоса Османи, премиерот Албин Курти, амбасадорот на САД во Приштина, Џеври Ховениер, шефицата на Тимот на Обединетите нации во земјата – УНКТ, Улрика Ричардсон и косовскиот министер за здравство, Рифат Љатифи.

Ова е трета донација на анти-ковид вакцини од САД за Косово преку програмата КОВАКС. Во март минатата година беа доставени првите 35 илјади, а во септември уште 503.100 вакцини.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Отстранети од јавни површини непрописно паркирани 121 возило

Следно

Првиот лет на „Астра“ неуспешен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian