Проработи единствениот број за итни случаеви 112

4 mins read

Граѓаните со вртење на бројот 112, во најкраток можен рок ќе ги добијат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада, од каде било во државата.  МВР ќе работи на целата територија на Скопје, но одлучивме првите 10-тина дена пожарната и брзата помош да функционираат само на територијата на Скопје. Се работи за сложен систем, моја проценка како директор на ЦУК треба да се гради во движење бидејќи не можеме да чекаме, вели Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК за воведувањето на новата линија 112. Тој додава дека центарот ги прифати сите повици и никој нема да биде одбиен, но како што напомена Ангелов системот ќе се гради во движење.

– Остануваат да функционираат барем уште две години останатите броеви на МВР, брза помош, пожарна. Но тоа за граѓаните и не е толку важно она што е важно е да добијат брза и навремена услуга, појаснува Ангелов.

Според надлежните, се работи за комплексен систем кој во себе обединува неколку различни субјекти, министерства, противпожарните единици, кои се децентрализирани односно работат како дел од локалната власт и итната медицинска помош.

– На пример, при тешка сообраќајна несреќа, во која има повредени патници заглавени во возилото, со вртење на бројот 112, нашиот оператор веднаш ја гледа локацијата од каде што доаѓа повикот, без разлика дали се јавуваат од мобилен или од фиксен телефон, па дури и ако повреденото лице зборува неразбирливо, нашиот оператор врши проценка и веднаш јавува во МВР. Оттаму веднаш се испраќа полициска патрола, здравство испраќа екипа на ИМП, а по потреба, доколку луѓето треба да бидат извлечени од возилото, или доколку постои опасност од пожар нашиот оператор ги известува и територијалните противпожарни единици – рече Ангелов.

Постоечките броеви за итни повици, 192, 193, 194 и 195 ќе продолжат да функционираат уште една година.

Евроамбасадорот Дејвид Гир ја поздрави иницијативата и рече дека ова е практична помош која Северна Македонија ја добива од ЕУ.

– Убавината во овој случај е во едноставноста. Вртите еден број, 112 и добивате услига од сите итни сервиси. Во таа насока, граѓаните ќе се чувствуваат побезбедни, а помошта ќе пристигне побрзо – рече Гир.

Премиерот Димитар Ковачевски, кој присуствуваше на промоцијата, рече дека единствената линија за итни случаи со тек на време ќе биде унапредувана.

– Изградивме модерен и ефикасен модел за функционирање на Е-112 на јазиците со кои се користи населението во државата, во соседните држави како и најмалку на еден од светските јазици. Системот го стартуваме со осум оперативни центри во Скопје, Тетово, Куманово, Велес, Штип, Струмица, Охрид и Битола, и сите се опремени според утврдени директиви на ЕУ за оваа намена – подвлече Ковачевски, упатувајќи честитки до ЦУК, кои со поддршка на Делегацијата на ЕУ, успешно го завршија проектот Е-112 и воспоставувајќи напредни европски стандарди.

Ќе постојат осум центри и тоа главниот во Скопје, потоа во Тетово, Битола, Штип, Велес, Охрид, Струмица и подоцна во Куманово. Примателот на повикот треба да ја води жртвата и да одржува контакт додека стигнат екипите. Примателот на повикот веднаш информацијата за несреќата ја праќа до Полиција, Брза помош и Пожарна. Сите повици ќе бидат снимени за да се избегне неодговорно однесување.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пелистер претрпе нов пораз во АБА2 лигата

Следно

Обвинителката Стефанова побара поблаги казни за оние кои признаа вина за „Титаник“

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian