Покетино: Мбапе одлучува после дуелот со Реал Мадрид во ЛШ

1 min read

Маурицио Покетино, тренерот на ПСЖ, се осврна на шпекулациите дека Килијан Мбапе веќе одлучил од лето да игра за Реал Мадрид.

Парижани и Мадрид ќе ги одмерат силите во осминафиналето во Лигата на шампионите. Првиот натпревар е закажан за 15 февруари, а реваншот се игра во шпанската престолнина на 9 март.

– Килијан ќе донесе одлука за својата иднина по дуелот со Реал во Лигата на шампионите. Во моментов тој е целосно фокусиран да даде најдобро што може со ПСЖ – рече Покетино во пресрет на натпреварот од француската „Лига 1“ против Рен, кој е закажан за в петок од 21.00 часот.

Аргентинскиот стручњак истакнува дека одличниот напаѓач ги исполнува сите обврски во францускиот вицешампион.

– Тој е голем професионалец. Сите го почитуваме. Знаеме дека одлуката е на него. No, тоа не го оптоварува секогаш да дава максимум во дресот на ПСЖ – вели Покетино.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Физичка пресметка меѓу Владе Дивац и Ниша Савлевиќ: Познатиот кошаркар ја бранел честа на неговата ќерка

Следно

Со летот од Софија долетаа и други проблеми – кој има предност, реагираат ЗНМ и ССНМ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian