Подвиг на македонски возач во Италија: Пред да почине од срцев удар ја запрел цистрната, спречил голема трагедија на автопат

1 min read

Возач на цистерна кој почина зад воланот од срцев удар на автопатот Авелино – Салерно во јужниот регион Кампанија направи херојски подвиг, пишуваат италијанските медиуми.

Станува збор за 50-годишен Македонец кој добил срцеви болки додека ја возел цистерната под притисок. Бил свесен кога ги добил првите болки во градите, ја намалил брзината и го повлекол тешкото возило на одморалиштето кај свртувањето за Сарино.

-Потоа колабрирал врз воланот и починал. Екстремниот маневар овозможил тој да избегне драматична несреќа на автопатот. Полициските службеници и итната помош интервенирале на местото. Му немало спас на 50-годишниот возач, објави Ил Матино на 9-ти овој месец.

Читателка на „Слободен печат“ јавува дека се работи за возач, родум од Јосифово, кој последните 25 години со семејството живеел во Велес. Името е познато на редакцијата, не го објавуваме додека не добиеме потврда од семејството.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 11 февруари: Ве очекува поволен период за нова љубов

Следно

Денеска ќе се реализира првиот лет Софија – Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian