Почина уште една рок легенда: Замина Иан Мекдоналд, основач на рок групата „King Crimson“

1 min read

Музичарот Иан Мекдоналд, основач на влијателната прогресивна рок група „King Crimson“ почина во својот дом во Њујорк на 75 годишна возраст.

Според зборовите на официјалниот портпарол, Мекдоналд „мирно почина на 9ти февруари во својот дом, опкружен со своите најблиски“. Причината за смртта уште не е наведена.

Роберт Фрип, заедно со Мајкл и Питер Гилс го регрутираа Мекдоналд во бендот „King Crimson“ во 1968. Иако се појави само на дебитантскиот албум на бендот, In the Court of The Crimson King во 1969, беше клучен во дефинирање на подоцнежниот звук на бендот.

Мекдоналд е коавтор и копродуцент на секоја песна од дебито на бендот. На него свиреше на различни инструменти, вклучувајќи и на ударни, дувачки и на клавијатура. Го напушти бендот откако се објави албумот, заедно со тапанарот Мајкл Гилс.

Во интервју за Ultimate Classic Rock, Мекдоналд изјави:

„Некој ме праша: Изненадени сте што луѓето уште зборуваат за овој албум и по 50 години? Реков: Па, да. А од друга страна, па и не баш. Кога го направивме албумот, сакав да бидам сигурен дека може да издржи повторливо слушање и да го издржи тестот на времето. Во тој поглед не сум изненаден. Задоволен сум и почестен, неверојатно е дека поминаа 50 години“ – додава тој.

Во 1976, Мекдоналд ја основаше британско-американската група Foreigner на која свиреше гитара, саксофон, клавијатури и беше дел од хитовите како Cold As Ice, Hot Blooded и многу други.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

По 140 години работа пропадна Фабриката за тутун во Сараево

Следно

Формула 1 ќе се вози во Бахреин до 2036 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian