Петков се пожали на „Би-би-си“: Бугарите во Северна Македонија немаат право на правна заштита

1 min read

Бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за популарната емисија „Hardtalk“ на британскиот јавен сервис „Би-би-си“ рече дека настрана од историските, со Северна Македонија има и други проблеми меѓу кои е и тоа е што Бугарите,како што вели тој, „немаат право на правна заштита“ во земјата.

„Ја променивме агендата кон заедничките работи, наспроти кон проблемите. Имаме проблеми… да заборавиме на историските за кои сега се зборува. Постојат други проблеми кои треба да ги решиме, на пример Бугарите во Северна Македонија сѐ уште немаат право на правна заштита. Добри вести се тоа што кога разговараме со премиерот на С.Македонија, целосно се договоривме дека Бугарите треба да имаат легални права кои ги имаат сите Македонци и останатите народи како што се Албанците, добра работа е што имаме разбирање околу тоа. Прашањето е како да се стигне дотаму и кој е патот јавноста во двете земји на тоа да се согласи“, рече Петков.

На прашањето на новинарот дали Петков сака да ја види С. Македонија во Европската унија, тој одговори „апсолутно, без сомневање“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„The Joker And The Queen“: Слушнете ја новата песна на Ед Ширан и Тејлор Свифт

Следно

Преживеаните и семејствата на загинатите патници во автобусот на „Беса Транс“ ќе добијат обесштетување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian