Јокиќ е водечки, го престигна најголемиот ривал во трката за МВП

1 min read

Повторно српскиот центар од редовите на Денвер, Никола Јокиќ е во трката за признанието најкорисен играч во НБА лигата.

Во трката за престижната награда најновите информации велат дека играчот на Нагетси го престигна членот на Филаделфија, Џоел Ембид.

Сега Јокиќ е водечки на листата и е на добар пат да стане МВП втора година по ред. Моментно српскиот интернационалец има просек од 25,8 поени, 13,6 скокови и 7,9 асистенции по меч.

Ембид е поефикасен кога се во прашање поените (просечно 29,4), но е послаб во скоковите и асистенциите – 10,9 и 4,3.

Трет на оваа листа е Јанис Адетокумбо кој неодамна реализираше 44 поени против Лос Анџелес лејкерс, на четвртата позиција е Крис Пол, а петтопласиран е Стеф Кари кој во последно време не покажува одлични партии.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Откриена восочната фигура со ликот на Зендеја, Твитер се смее: Повеќе личи на Кајли Џенер!

Следно

Генчовска: Инсистираме да почне процес на осовременување на наставните програми во Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian