Министерство за транспорт и врски им се извини на медиумите за пропустот на аеродромот

1 min read

Во однос на реакцијата на присутните медиуми за ограничениот пристап на аеродромскта платформа, а по повод слетување на авионот од Софија на Меѓународниот аеродром Скопје, упатуваме искрено извинување поради ненамерениот пропуст со кој беше ограничено движењето на присутните медиуми за нормално одвивање на медиумската работа, соопшти Министерството за транспорт и врски по повод реакцијата на ЗНМ и ССНМ.

Од Министерството за транспорт и врски изразуваат уверување дека во иднина ќе обезбеди еднаков пристап на сите медиумски работници за извршување на нивните работни задачи.

-Министерство за транспорт и врски, како организатор на настанот во соработка со ТАВ Македонија, обебеди пристап на платформата според меѓународни безбедносни протоколи со ограничено движење. Ја разбираме реакцијата на медиумските работиници и уште еднаш упатуваме извинување за ненамерниот пропуст, соопштија од таму.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Георгиевски: Срамно – одлуката за ваучери цели да го понижи мојот олимписки успех!

Следно

Оризопроизводителите во вторник излегуваат на протест пред Министерството за земјоделство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian