Македонскиот фудбалски репрезентативец Зајков мора да ја напушти Украина!

1 min read

Ѓоко Зајков, кој ги брани боите на најдобрата македонска фудбалска репрезентација, оваа зима од бугарскиот клуб Левски Софија направи трансфер во Украина, поточно во екипата на Ворскла од Полтава.

Нашиот одбранбен играч сезонава во најсилното бугарско првенство имаше 14 настапи и еден погодок. Претходно во кариерата беше дел уште од белгиската Шарлроа, францускиот Рен и Работнички.

На 26 јануари Ворскла ја информираше јавноста дека нејзин нов играч е Зајков кој потпиша договор на две и пол години. Најновите информации велат дека нашиот играч мора во најскоро време да ја напушти Украина.

Имено, денеска Министерството за надворешни работи (МНР) излезе со соопштение во кое вели дека сите наши државјани кои сега се наоѓаат во Украина, доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата.

– Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, следејќи ги одблиску состојбите во и околу Украина, апелира до граѓаните на земјава: Сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планирале посета на Украина, да избегнуваат патувања во земјата; дополнително, сите наши државјани кои сега се наоѓаат во Украина, доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата – стои во соопштението на МНР.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Во ВМРО-ДПМНЕ има нова генерација, денешните признанија во судскиот процес се доказ за постоење брутален политички прогон и терор од страна на власта“

Следно

Во прилепската болница може да ги исклучат греалките, конечно стигна мазутот за греење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian