Македонија ЃП го ангажираше иранскиот голман Хосеин Хаџиага

1 min read

Денеска Македонија ЃП промовираше ново засилување кое ќе се обиде да помогне во клупските цели оваа сезона.

Нов голман во редовите на прволигашот е Иранецот Амир Хосеин Хаџиага кој доаѓа од екипата на Персеполис, настапувајќи за У21 тимот, а претходно и за У19.

На иранско тло беше дел уште од У17 и У21 тимот на Саипа и У19 тимот на Естеглал.

Моментно во Првата лига „лавовите“ од Ѓорче Петров се наоѓаат на шестата позиција со 26 бодови.

Ѓорчепетровци беа активни на трансфер пазарот оваа зима, повратник е Кристијан Стојкоски, перманентен договор потпиша Сефер Емини, потпиша италијанскиот напаѓач Годбер Купер, како и Давид Атанаскоски, додека голманот Дамјан Серафимов во пролетниот дел ќе игра на позајмица во Охрид.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Киндер“ торта како од слаткарница, а за која не ви треба рерна

Следно

Во Софија разгледани нашите одговори на последните бугарски предлози од политичкиот пакет

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian