Лавчето фатено вчера во Будва е безбедно: Јаде, спие и се чувствува доста добро

3 mins read

Лавчето, кое вчера беше фатено во близина на Будва по неколкудневна потрага, е во добра состојба.

Лавчето има лавовски апетит и е во подобра состојба од вчера, кога беше пронајдено исцрпено по неколкудневното талкање по населбите околу Будва.

„Јаде, се хидрира, спие, и се чувствува доста добро“, изјави за Телеграф Александар Драгичевиќ, граѓански и еколошки активист.

Како што вели Драгичевиќ, тим ветеринари од Црна Гора синоќа и утрово го набљудувале младенчето лавче, а се очекува и доаѓање на стручњаци од Холандија и Германија кои ќе помогнат во понатамошната грижа за животното.

„Тие се експерти за лавови. Двајцата ќе дојдат да помогнат во грижата за ова животно, прегледот и целата процедура. Центарот за заштита и проучување на птиците преку своите меѓународни контакти ја обезбеди таа поддршка од меѓународните организации за заштита на животните, во случајов големите мачки“, вели тој.

Токму овие експерти треба да дадат подобар увид во здравствената состојба на лавот кој стана ѕвезда во целиот регион.

Во моментов покрај проверката на неговата здравствена состојба, се работи и на решение како да се посвои лавот, односно да му се најде соодветно сместување, прво во Црна Гора, а потоа и во странство.

„Лавчето“ сега е безбедно, се грижат за него 24 часа, има и свое обезбедување, па сега е безбеден и здрав, додава тој.

Планот е еден ден лавот да биде сместен во што е можно поприродна средина. Иако се зборува за враќање во природното живеалиште, во случајот на овој убавец ќе биде тешко, бидејќи уште од мал е одгледуван како домашен миленик.

„Затоа би му било многу тешко повторно да живее во дивина. Лавовите обично живеат и учат со својата мајка до две години како да ловат сè, што овде не беше случај. Најдобра опција за него е да биде сместен во некое од засолништата за лавови, каде има простори за слободно движење на животните, но има и ветеринари и луѓе кои можат да помогнат околу хранењето и се“, посочува тој.

Да потсетиме, лавчето е фатено во куќа во фаза на изградба во населбата Крапина. Лавчето било забележано од полицаец, кој ги повикал претставниците на Агенцијата за заштита на животната средина, по што животното било фатено.

ВИДЕО: Го фатија лавчето што му избега на Турчин во Будва

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Запален автомобилот на братот на Јован Јаулески: Правда ќе има, ова не се заборава!

Следно

Путин и Бајден утре телефонски ќе разговараат за Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian