Кралицата Елизабета Втора под итен медицински надзор: Била во близок контакт со принцот Чарлс кој е позитивен на ковид-19

2 mins read

Британската кралица Елизабета Втора моментално е под строг медицински надзор откако нејзиниот син, принцот Чарлс од вчера е позитивен на ковид-19.

Извор близок до британското кралско семејство потврди дека 95-годишната кралица и нејзиниот син, 73-годишниот принц Чарлс, биле во близок контакт неодамна, непосредно пред принцот Чарлс да биде позитивен на коронавирус.

ФОТО | И идните кралеви се луѓе: Принцот Чарлс сам си го мести креветот и се капе исклучиво во млака вода

Кралицата, за среќа, засега немала никакви симптоми, а изворот навел дека ситуацијата ќе продолжи внимателно да се следи, но редовните извештаи за нејзината здравствена состојба нема да се објавуваат.

Чарлс последен пат се сретнал со својата мајка пред два дена. Наследникот на британскиот престол во вторникот бил во замокот Виндзор, каде што моментално живее кралицата, за да ги додели почестите. Принцот Чарлс сега е во изолација, откако добил позитивен тест за коронавирусот, по втор пат. Имено, за првпат беше позитивен на самиот почеток на пандемијата, во март 2020 година.

„Утрово принцот од Велс беше позитивен на ковид-19 и сега е во самоизолација. Тој е многу разочаран што нема да може да присуствува на денешните настани во Винчестер и ќе се обиде да ја одложи посетата за друг датум што е можно поскоро“, се вели во соопштението од кралскиот двор.

Во февруари 2021 година, принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвол, ги примија првите дози од вакцината против коронавирусот. Во декември, Чарлс потврди дека и двајцата примиле бустер дози. Бакингемската палата во јануари 2021 година потврди дека кралицата ја примила првата доза вакцина. Тие потоа рекоа дека нема да даваат дополнителни изјави во врска со втората доза. Сепак, според извештаите,  кралицата минатата година примила втора доза од вакцината и била целосно имунизирана.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Утре прекин на електронските услуги на ЈП Водовод и канализација

Следно

Пелистер претрпе нов пораз во АБА2 лигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian