„Киндер“ торта како од слаткарница, а за која не ви треба рерна

1 min read

Многу популарна торта, особено меѓу децата, иако подеднакво ја сакаат и возрасните.

Се чини дека сите имаат верзија на „Киндер“ тортата. Сите варијанти се во основа слични, а сепак, по нешто се разликуваат. Нема да згрешите без разлика на рецептот според кој ќе ја направите, а ние ви донесуваме едноставен рецепт, но со богат и кремаст вкус, кој се подготвува без печење.

Оваа кремаста „Киндер“ торта децата сигурно ќе ја обожаваат. За нејзината подготовка нема да ви треба рерна, само соединете ги сите состојки и наредете ги.

„Киндер“ тортата сигурно ќе стане „кралица“ на секоја ваша прослава, а вие можете да ја украсите по ваш вкус.

Состојки:

За тортата:

– 300 гр бисквити (пишкоти)

– 300 мл млеко

– 700 гр маскарпоне сирење

– 400 мл слатка павлака

– 150 гр шеќер во прав

– 25 киндер чоколатца

 За глазура:

– 150 гр чоколадо

Подготовка:

Во плехот за печење наредете ги бисквитите (пишкотите) натопени во млеко. Слатката павлака изматете ја со шеќерот во прав, па кога целосно ќе се згусне, измешајте ја со маскарпоне сирењето.

„Киндер“ чоколатцата растопете ги и додадете ги во смесата. Добро промешајте и еден дел одделете за глазурата. Остатокот од смесата ставете го врз бисквитите.

Израмнете, па одозгора ставете уште еден ред бисквити и премачкајте со кремот што сте го одвоиле.

Оставете во фрижидер околу 2 часа да се излади. Чоколадото растопете го и кога тортата ќе се стегне, украсете ја по желба со чоколадото.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во оваа европска земја за влез во ресторани веќе нема да е потребен сертификат за вакцина

Следно

Македонија ЃП го ангажираше иранскиот голман Хосеин Хаџиага

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian