Хрват си ја убил мајката и крвав напаѓал луѓе на улица

2 mins read

Утрово околу 9 часот и 15 минути во семејната куќа во Вела Лука е пронајдено мртво тело на 67-годишна жена.

Според се уште неофицијални информации, синот ја убил мајката 34-годишниот син  А.Ш.

Соседите синоќа слушнале викање

Како што дознаваме, соседите синоќа слушнале викање, но, како што велат, не реагирале бидејќи било вообичаено. Синот често се карал со мајка си, велат соседите.

По убиството, младиот човек физички ги нападнал мештаните на улица. Нападнал и сопственик на ресторан. Сопругата на нападнатиот сопственик на угостителскиот објект изјавила дека А.Ш. целиот бил во крв и дека нејзиниот сопруг бил нападнат од зад грб.

„Слушнавме дека нападнал еден наш сонародник, а потоа на педесетина метри од местото каде што живее тој сонародник, го нападнал мојот сопруг од зад грб. Мојот сопруг се борел со него, а потоа младиот човек побегнал, а сопругот тргнал по него. Наскоро  беше нападнат друг човек што го знаеме, сопругот истрча да му помогне на тој човек, а младиот човек побегна.

Подоцна бил приведен од полиција, се се случило за пет минути. Во моментот на нападот младиот човек бил полн со крв, најверојатно нападот се случил по убиството. Тој го нападна мојот сопруг без причина, од зад  грб, тупаници, тој имаше операција на ‘рбетот. Беше шокиран, истрауматизиран, но и повреден“, изјави сопругата за Дубровачки весник.

Мајка по потекло од Бразил, таткото бил на бродот во моментот на убиството

Полицијата набрзо во семејната куќа го открила мртвото тело на мајката (67). Набргу го пронашле и го привеле А.Ш.

Полицијата води истрага во семејната куќа во која се случи убиството. Истрагата ја води окружното државно обвинителство.

Мајката била по потекло од Бразил и се омажила за морнар во Вела Лука. Тој, според неофицијални информации, бил на бродот во моментот на убиството.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Скопје над 7 илјади активни случаи: Каква е состојбата со коронавирусот во останатите градови?

Следно

ФОТО | Откриена восочната фигура со ликот на Зендеја, Твитер се смее: Повеќе личи на Кајли Џенер!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian