Кралицата „Би“ или Бијонсе, не остава никого рамнодушен со својата појава. Популарната пејачка пред неколку дена „украде“ воздишки фотографирајќи се во алармирачки црвени парчиња облека каде изгледа восхитувачки.
Ѕвездата во неодамнешната соработка со брендот „Адидас“ ја презентираше својата колекција насловена како „Ivy Heart“. Инспирирана од љубовта, во пресрет на празникот на вљубените, оваа колекција промовира сексипил, слобода и огнена енергија, впрочем како самата Бијонсе.

Колекцијата е интензивно и длабоко црвена и вклучува различни модели кои Бијонсе ги носи величествено. Самата е најдобар модел за својата колекција, а инспирацијата за името на колекцијата е поттикнато од името на ќеркичката, Ајви Блу.



На својот инстаграм-профил, пејачката сподели фотографии и видеа од себеси во совршена фигура на песочен часовник и доби безброј коментари и лајкови.