ФОТО | Во Пловдив, наместо вода, во продажба „истекла“ ракија: Мистерија е како се нашла во шишињата

1 min read

Мистерија во Пловдив – наместо шишиња вода во продажба, во нив имало ракија!

Дафина Дулгарова, менаџерка на една од продавниците во Пловдив, изјави дека досега вакво нешто не се случило. Вработените кај неа пробале од белата течност која е во шишиња со минерална вода и се утврдило дека се работи за „мека и питка ракија“, со добар квалитет, пренесува „Блиц.бг“

“Работата почна кога ми вратија едно шише, а купувачот ми рече дека водата мириса на нешто што најверојатно е ракија“ – изјави Дулгарова.

По реакцијата, тие ги повлекле преостанатите шишиња од серијата во продавницата и провериле дали е така. Излегло дека во сите шишиња имало ракија.

„Бев љубопитна да видам дали и други купувачи ја пробале ракијата. Го гледав ова и на камера. Еден од клиентите купи шише, а потоа се врати по одредено време и набави уште две исти шишиња. Очигледно е дека тој знаел што има во нив, но дали целата серија беше со ракија, не можам да кажам“ – изјави таа.

Таа објасни дека го контактирала дистрибутерот, но и тој не знаел како стигнале тие шишиња таму.
Таа се сомнева во одредена можност, но не сакала да ги коментира затоа што не е сигурна.

„Мој познаник кој е технолог, кажа дека ракијата е сунглурларска. Со оваа вода се полни фабриката во Сунглурларе, така што таму некаде се крие вистината за ракијата“ – вели Дафина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СЗО: Акутната фаза на пандемијата може да заврши оваа година, само доколку до средината на годината бидат вакцинирани 70% од населението

Следно

ВИДЕО: Алиоски придонесе во новиот триумф на Ал Ахли

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian