Јанкулоска, Јанакиески и Протуѓер признаа вина за „Титаник“

1 min read

Поранешната министерка Гордана Јанкулоска, екс министерот Миле Јанакиески, како и поранешниот генерален секретар на Владата, Мартин Протуѓер, на денешното рочиште за случајот „Титаник“, признале вина, потврдуваат од Кривичниот суд за „Фокус“.

Признание на вина имаше и уште од петмина од обвинетите. Дел посочиле дека превземаат одговорност од морален аспект, а инаку не се чувствувале за виновни.

-Јанкулоска признала вина за три дела. Протуѓер и Јанакиески признаа за речиси сите освен за злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања, пишува порталот.

Според нив воопшто и не требало да дојде до судење, бидејќи се аболицирани од екс претседателот Ѓорги Иванов.

Судењето за овој случај неодамна се врати од почеток, и затоа и по четири години судење, обвинетите повторно добија шанса да се изјаснат за вина. За нив постапката се раздвојува, по што ќе следува пресуда.

kurir.mk

Претходно

Со летот од Софија долетаа и други проблеми – кој има предност, реагираат ЗНМ и ССНМ

Следно

Отстранети од јавни површини непрописно паркирани 121 возило

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian