Земјотрес во НБА, Харден разменет во Филаделфија

1 min read

Ѕвездата на Бруклин нетс, Џејмс Харден е разменет во Филаделфија сиксерс, ексклузивно пренесе новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Во текот на денешниот ден се шпекулираше дека Џејмс Харден ќе биде најголемата ѕвезда во последните часови од рокот за размена на играчи во НБА лигата, и на помалку од еден час до затворање на тој рок, ол стар бекот кој беше незадоволен во Бруклин, е разменет во Филаделфија.
Бруклин и Филаделфија се договорија, 32-годишниот Харден да биде разменет во Филадлефија за тројца кошаркари.

Најзвучно име е тоа на Бен Симонс кој сезонава не одигра ниту еден натпревар за Филаделфија поради несогласувањата со управата. Покрај Симонс, во Бруклин заминаа и Сет Кари, Андре Драмонд и два избори од драфтот. Покрај Харден, Филаделфија го доби и ветеранот Пол Милсап.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Во снимка од песна на „Магазин“, Данијела и Хана во бизарен кадар: Смеј се, Даниела, Грашо еден ден ќе биде мој!

Следно

Собранието вечерва ги избра замениците на владините министри

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian