ВИДЕО | Во снимка од песна на „Магазин“, Данијела и Хана во бизарен кадар: Смеј се, Даниела, Грашо еден ден ќе биде мој!

2 mins read

Љубовниот триаголник меѓу Данијела Мартиновиќ, Петар Грашо и Хана Хуљиќ не престанува да ја интригира јавноста, а сега еден видео спот од 1993та година, фрли ново светло на нивната љубовна приказна.

Веста околу врската на Петар Грашо со 14 години помладата Хана ја изненади јавноста, особено затоа што беше доста брзо по раскинот по 24 годишната врска со Данијела Мартиновиќ.

Многумина ја најдоа поврзаноста помеѓу нив тројца на најбизарен начин. Имено, Петар и Данијела ја знаат Хана од малечка. Во 1993 година, кога Данијела беше главен вокал во групата „Магазин“, сними песна во чие видео се наоѓа и тогаш тригодишната ќерка на Тончи, Хана. Во видеото на крај, Данијела влегува во собата и ја зема Хана за рака, а толкувањата за видеото се навистина бизарни.

Да бидат нештата пооткачени, луѓето под видеото коментираат како сето ова е неверојатна коинциденција, или нешто што можеби било очекувано.

„ И ете по 27 години, Хана му го „украде“ Грашо. Дојде време и малата да проба од љубовта“

„Тригодишната Хана: Само смеј се Данијела, кога ќе пораснам, Грашо ќе биде мој„

„Девојки, ако се сомневата во некоја ваша сосетка дека може да ви го земе дечкото, прво погледнете во градинка, растат брзо а ние старееме“

„Љубовта може се’’.

Колку за потсетување – Петар Грашо и Хана Хулиќ се во врска од неодамна, а парот го чека своето прво заедничко дете. Петар Грашо не сака многу да ја коментира својата врска во медиумите, и како што самиот изјави во една прилика, важно му е да го чува својот приватен живот на сигурно и да не им дава причина плус на кулоарите да зборуваат премногу.
Сепак, ова видео е навистина интересно за разгледување, 27 години подоцна!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пак избега момчето кое го најдоа во Белград откако беше исчезнато 43 дена

Следно

Земјотрес во НБА, Харден разменет во Филаделфија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian