ВИДЕО: Јувентус едвај го победи Сасуоло за пласман во полуфинале во Купот на Италија

1 min read

Фудбалерите на Јувентус обезбедија пласман во полуфиналето на Купот на Италија откако многу потешко од очекувањата, со 2:1 го совлада Сасуоло.

И на овој натпревар, српскиот репрезентативец покажа дека ќе биде големо засилување и долготрајно решение во нападот, и на вториот меч во „црно-белиот“ дрес постигна гол.

Јувентус поведе уште во третата минута со голот на Пауло Дибала, но Сасуоло до крајот на првиот дел успеа да дојде до израмнување. Стрелец на голот за Сасуоло беше Траоре во 21 минута.

Човек на одлука беше Влаховиќ кој победничкиот гол го постигна во 88 минута. Српскиот репрезентативец доби топка на левата страна, влезе вошеснаесетникот и кога шутираше, топката удри во еден од дефанзивците на Сасуоло и го измами голманот Пеголо.

Противник на Јувентус во полуфиналето во Купот на Италија ќе биде екипата на Фиорентина која ја изненади Аталанта и ја совлада со 2:3.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Според многумина оваа Русинка е најубавата спортистка на Зимските олимписки игри во Пекинг

Следно

Муцунски: Застрашувачки е што СДСМ одби Декларација за Гоце Делчев која има цел оддавање почит на знаењето на неговиот лик и дело

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian