ВИДЕО: Јута ја прекина победничката серија на Голден Стејт

2 mins read

Јута џез по размената со Портланд и Сан Антонио, го растури Голден Стејт вориорс победувајќи со 111:85. „Џезерите“ кои утринава во размената ги добија Никел Александер-Вокер и Хуанчо Ернангомез , а се ослободи од повредениот Инглс, Елајџа Хјуз, ја прекина серијата од девет победи по ред на Голден Стејт. Бојан Богдановиќ постигна 23 поени, Хасан Вајтсајд имаше 9 поени, 17 скока и дури 7 блокади, додека Донован Мичел даде 14 поени и имаше 10 скока.
Најдобар кај Голден Стејт беше Пул со 18 поени, додека Кари даде 16.

Домантас Сабонис имаше фантастично деби во дресот на Сакраменто кој со 132:119 славеше над Минесота. Сабонис кој пред два дена дојде од Индијана, во првиот натпревар за „кралевите“ имаше учинок од 22 поени, 14 скокови и 5 асистенции.


Чикаго булс продолжува со одличните игри по триумфот над Шарлот, му се приближија само на една победа на лидерот во Источната конференција, Мајами хит.
Демар Дерозан продолжува со одличните игри, постигна 36 поени и за својата изведба беше награден со извици „МВП“ од трибините. Дерозан во последните четири натпревари има просек од 37.5 поени.
Зек Лавин даде 27 поени, а Никола Вучевиќ оствари дабл-дабл од 18 поени и 15 скокови.


Продолжува очајната сезона на Лос Анџелес Лејкерс кој загуби од Портланд со 107:105 и сега има скор од 26 победи и дури 30 порази со кои се наоѓа на деветтото место во Западната конференција.

На Лејкерси не им помогнаа ниту 30 поени на Леброн Џејмс, додека кај Портланд се истакна Енферни Симонс со 29 постигнати поени.


Резултати:
Кливленд – Сан Антонио 105:92
Шарлот – Чикаго 109:121
Оклахома – Торонто 98:117
Сакраменто – Минесота 132:119
Портланд – ЛА Лејкерс 107:105
Јута – Голден Стејт 111:85

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Српската премиерка Ана Брнабиќ го откри својот најголем страв: Еве што се случи во истиот момент!

Следно

Забрчанец си замина, Ана Андреева е новa раководителка на комуникацискиот сервис на Владата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian