ВИДЕО | Српската премиерка Ана Брнабиќ го откри својот најголем страв: Еве што се случи во истиот момент!

3 mins read

Српската премиерка Ана Брнабиќ гостуваше во шоуто „Ами Џи“, каде зборуваше и за приватниот живот, но и за својот најголем страв.

За многумина ова беше исклучителна можност да „ѕирнат“ во семејниот живот на Ана Брнабиќ, како таа и нејзината партнерка Милица си ги поделиле обврските за воспитувањето на детето и слично.

„Милица е построг родител од мене“, вели Ана. „И тоа е добро, некој мора да води сметка за дисциплината. На пример, цртани се пуштаат само навечер“, објасни премиерката, која како што вели, кога има време се обидува да седне со синот Игор и да гледа цртани со него.

Така, во една прилика спомнала како еден лик од филмот свири на труба, а тригодишно момче ја поправило – „ова не е труба, хорна е“. Секако, таа останала „без текст“, но вели дека Игор многу ја сака класичната музика и веќе добро ги познава сите музички инструменти. Па, затоа зачудено ја прашал Ана: „Како можеше да помешаш труба и хорна?“.

 

Премиерката на Србија прозборе за својот најголем страв

„Дали имате фобија и кој е вашиот најголем страв?“, ја праша водителот. „Од бубачки, особено од смрдливки… Имам фобија од смрдливки и бубашваби и сите тие опнокралици, ако се викаат така“, откри премиерката на Србија додека по нејзината кожула лазеше токму смрдливка.

Таа не го забележа тоа, а се чини дека не го забележале ниту присутните во студиото. Сепак, гледачите не беа убедени дека станува збор за случајност.

„Не им верувам толку многу што мислам дека и ова е наместено“, „Па дали е тоа можно?“, се прашуваа поскептичните твитерџии.

Други пак, се убедени дека ова е само бизарна ситуација.

„Ова е некој знак“, „Смрдибуба намирисала на фобија, малку сум смешен“, „Па каков хит е ова“, „Неверојатно што токму тогаш трепна, но се случи, тоа не е монтажа колку што можам да видам“, „Ова е мојот живот во целост“, коментираат други.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трас: Војната во Украина би била катастрофа за Европа

Следно

ВИДЕО: Јута ја прекина победничката серија на Голден Стејт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian