ВИДЕО | Неизмерна среќа: Сара Мејс и Димитар Атанасовски го открија полот на бебето

1 min read

Пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски очекуваат принова во семејството. Следејќи ги светските трендови, тие решија на интересен начин да откријат дали нивната ќеркичка Илина ќе има братче или сестричка.

Имено, тројцата отворија кутија со балони, чија сина боја ни откри дека Сара е бремена со машко дете.

„Полот, според мене, е најмалку важната работа што ќе ја дознаете со тестот, иако е забавно и слатко, но поважно е здравјето на вашето бебе и шансата да си допуштите спокојна бременост во која ќе уживате без многу да се грижите и да си поставувате разни прашања… Што би рекле народно ‘Да ми е мирна главата’”, напиша Сара во описот на видеото коешто го сподели на Инстаграм.

ФОТО | Ќерката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски го прослави третиот роденден: Иста фризура како мама и забава од бајките

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Црна Гора се соочува со невообичаен проблем- со денови трага по избеган лав

Следно

Неверојатна приказна од Пекинг: 34 години по таткото, и синот освои златен медал на ЗОИ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian