Албанка е фатена на аеродромот во Истанбул додека се обидувала да прошверцува различни златни предмети, како накит, часовници и монети во торба што ја сокрила под јакната.
Ф.Р. на 14 јануари слетала на аеродромот во Истанбул, првично минувајќи низ контролниот пункт за пасоши за да влезе во Турција. Полицијата на аеродромот се посомневала во патничката и ја повикале на претрес. При извршениот претрес, под нејзината облека била откриена торба залепена за нејзиниот стомак.
Во неа биле пронајдени и одземени 14 часовници од различни марки, вкупно 588 грама накит составен од златни прстени, ланче и обетки и 73 монети. По прегледот се дозна дека монетите се од османлискиот период.
Ф.Р. е приведена и по процедурите во полиција е испратена на суд.