Виц на денот: Отров

1 min read

Оди дабарот во кафеана и го видел зајакот како тажно седи на шанкот и гледа во чашата со виски.

Дабарот, бидејќи бил итар му рекол на зајакот:
– Погледни таму надесно!
Зајакот погледнал, а за тоа време дабарот му го испил вискито и му ја вратил празната чаша на шанкот. Зајакот тогаш уште повеќе се натажил.

Дабарот го прашал:
– Што ти е зајче, зошто си толку тажно?
Зајакот му одговорил:
– Прво сакав да се удавам и се фрлив во река, но ме спасиле. Потоа реков да се обесам, но јажето се скинало. Сега ставив отров во вискито да се отрујам, но некој ми го испил.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сончево и потопло време, викендов пад на температурите и ветер

Следно

Во Софија состанок на работната група за инфраструктура

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian